Баер Леверкузен веднаш ја отфрли можноста Алваро Арбелоа да биде нивниот нов шеф на стручниот штаб. Германскиот бундеслигаш ја продолжува потрагата на пазарот и бара подобра опција.
Деновите на актуелниот тренер Каспер Хјулманд на Бај арената се дефинитивно одбројани. Раководството веќе ја донело одлуката за прекин на соработката. Меѓу главните желби на клубот беа Андони Ираола, Оливер Гласнер и Филипе Луис, но од овие опции, само Глансер се уште не се знае каде ќе продолжи.
Гледајќи ги проблемите на тимот, Арбелоа самиот стапил во контакт со челниците на Леверкузен. Шпанскиот стратег се надевал на идентичен развоен пат како оној на Чаби Алонсо. Тој верувал дека Баер може да му послужи како одлична отскочна даска во кариерата.
Сепак, германски „Билд“ тврди дека одговорот од Бундеслигата бил експресен и негативен. Управата на клубот направила детална анализа на неговата последна полусезона во Реал Мадрид. Тактиката, лошите резултати и слабата комуникација со играчите биле пресудни за ваквата одлука.

