Роберт Левандовски, еден од најдобрите и најубоитите класични напаѓачи на 21-виот век, е подготвен да ја затвори својата долгогодишна и пребогата европска приказна. Како што ексклузивно објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, искусниот полски голгетер ги договорил сите услови и веќе следната недела официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на американскиот тим Чикаго Фајр.
Она што предизвика вистински земјотрес во спортските медиуми е неговата астрономска заработка на американско тло. Левандовски во МЛС-лигата ќе инкасира неверојатни 20 милиони евра по сезона. Со ваква плата, искусниот стрелец без проблем може да им парира дури и на голем дел од фудбалските ѕвезди кои одлучија кариерата да ја продолжат во Саудиска Арабија.
Зад Полјакот останува неверојатно фудбалско наследство на Стариот континент, каде што со години без милост ги решеташе мрежите во дресовите на Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Барселона, освојувајќи еден куп трофеи, меѓу кои и престижната УЕФА Лига на шампиони. Неговото пристигнување во Ветровитиот град е само уште еден крупен доказ за страшниот маркетинг и спортски подем на американската лига, која постојано успева да привлече глобални суперѕвезди, правејќи го Чикаго Фајр еден од најатрактивните тимови за следење во претстојниот период.

