Меѓународен фудбал Фудбал

Лестер официјално од следната сезона во Лига 1!

Кошмарната сезона за навивачите на Лестер продолжи, а со вчерашниот нерешен резултат против Хал Сити (2:2), во кој Лестер мораше да победи, сега и официјално, шампионот во Премиер Лигата од 2016 година, го промовираше во понизок ранг. Лестер од следната сезона ќе биде дел од Лига 1, третата по ранг лига во Англија.

По историскиот успех и освојувањето на Премиер Лигата, успехот во Лигата на шампиони каде „Лисиците“ дојдоа до четвртфиналето, освоениот ФА Куп во 2021 година за прв пат, овој пад во понизок ранг е болен за навивачите и за клубот, кој по минатогодишното испаѓање од Премиер Лигата, оваа сезона очекуваше експресно да се врати во најквалитетното натпреварување, но наместо тоа, Лестер доживеа катастрофа и отиде уште еден ранг подоле.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести