Други спортови Останато

Леклер: Борбата со Антонели ќе беше пеколно тешка

Шарл Леклер не го криеше огромното задоволство по големата победа на култната патека Силверстон. За возачот на Ферари ова беше прв триумф по цели две години пауза во Формула 1 шампионатот и вкупно деветти во неговата кариера. Тој сепак спортски призна дека имал и доза среќа поради техничките проблеми на неговиот главен ривал, Кими Антонели, кој во последните десет круга целосно испадна од игра.

„Со Кими ќе беше многу густо до самиот крај. Беше неверојатно брз во моментите кога ми се приближуваше и ќе беше пеколно тешко да го задржам зад себе“, искрен беше Леклер.

Тој додаде дека овој триумф доаѓа во совршен момент по неколкуте мачни викенди за италијанскиот тим и дека конечно го нашол вистинскиот баланс во болидот. Трката во Англија заврши под водство на безбедносното возило, откако Макс Верстапен излета од патеката во финишот.

Големиот ден за Ферари го заокружи Луис Хамилтон кој се качи на третото скалило од победничкиот подиум. Британскиот ас му ја честиташе победата на својот тимски колега, признавајќи дека самиот немал добар темпо, а заработената казна за предвремен старт дополнително му ја искомпликувала работата. Меѓу двата болида на Скудерија успеа да се избори Џорџ Расел од Мерцедес, кој стигна до второто место и покрај тоа што претходно имаше сериозен пех со дупната гума.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.