Кошарка Меѓународна кошарка

Лејкерс продадени за вртоглави 12 милијарди долари!

Еден од најголемите спортски брендови во светот, Лос Анџелес Лејкерс, минува во рацете на американските бизнисмени Џошуа Кушнер и Боб Ајгер за астрономски 12 милијарди долари. Оваа зделка претставува апсолутен историски рекорд во американскиот спорт за продажба на една франшиза, надминувајќи ја претходната највисока сума за дури две милијарди долари.

Интересно е што претходниот рекорд исто така му припаѓаше на овој клуб, кога семејството Бас пред само една година му ги продаде Лејкерс на бизнисменот Марк Волтер. Кушнер, кој е јавноста му е познат и како зет на американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со Ајгер првично планираше формирање нов тим во Лас Вегас, но се пренасочи кон Лос Анџелес со понуда која не се одбива. Со овој брз пресврт, досегашниот сопственик Волтер за само една година оствари чист профит од над две милијарди долари.

Новите сопственици преку официјално соопштение истакнаа дека им е огромна чест што застануваат на чело на кошаркарскиот гигант, ветувајќи дека ќе го задржат високиот нив на долгорочна посветеност, градење шампионски тим и почит кон заедницата и навивачите во Лос Анџелес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.