Кошарка Меѓународна кошарка

Лејкерс подобри од Хјустон, Њу Јорк сигурни против Атланта

Вечерва продолжија првите натпревари од Плеј-оф фазата во НБА лигата. Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен дојде до победа против Хјустон Рокетс со 107:98. Во тимот од Лос Анџелес недостасуваа Дончиќ и Ривс, два исклучително важни играчи, но екипата предводена од Редик на клупата, го имаше расположениот Кенард кој постигна 27 поени и беше најпрецизен на теренот. Леброн и Ејтон постигнаа по 19 поени. Кај Рокетски, Сенгун дојде до 19 поени.

Во Њу Јорк, Никси пред своите навивачи во Медисон Сквер Гарден Арената, беа сигруни, дојдоа до победата над Атланта со 113:102 и поведоа во серијата со 1:0. Домашната екипа имаше контрола на теренот, а до првата победа ги предводеше Брансон со 28 поени, додека Таунс постигна 25 поени. Кај гостите од Атланта најпрецизен беше МекКолум со 26 поени.

Плеј-оф серијата во НБА продолжува и вечерва со натпреварите помеѓу Бостон и Филаделфија од 19:00 часот и Оклахома Сити против Феникс во 21:30 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести