Лејкерси предводени од Леброн Џејмс дојдоа до нова победа против Хустон на домашен терен со 101:94 и поведоа во 2-0 во серијата. Иако без Дончиќ и Ривс, кои се повредени и недостасуваат во првата фаза од Плеј-офот, Леброн уште еднаш покажа дека е лидер и го предводеше тимот од Лос Анџелес со 28 поени, а го следеше Смарт со 25 поени. Кај гостите најпрецизен беше Дурант со 23 поени.
Сан Антонио иако важеше за фаворит во дуелот против Портланд, во вториот натпревар на домашен терен доживеа пораз од 103:106. Со израмнет резултат 1-1, серијата во следните два натпревари се сели во Портланд. Поразот не беше единствена лоша вест вечерва за Спарси, првата ѕвезда Вембенјама по еден тежок пад на глава, мораше да го напушти натпреварот. Кај гостите најдобар беше Хендерсон со 31 поен, а кај Сан Антонио Касл броеше до 18 поени.
Уште еден фаворит вечерва доживеа пораз на домашен терен. Бостон беше поразен од Филаделфија со 97:111. Браун кај поразената екипа беше најдобар поединец и постигна 36 поени, а кај гостите Едекомб Јуниот постигна 30 поени, а Макси го следеше со 29 поени.

