Кошарка Меѓународна кошарка

Лејкерс го отпуштија 17-тиот пик, Евролигашите на готовс

Изненадувачки потег од таборот на Лос Анџелес Лејкерс, во рамките на октомвриското скратување на ростерите, генералниот менаџер Роб Пелинка му врачи отказ на Далтон Кнехт. 25-годишниот кошаркар кој беше избран како 17. пик на драфтот во 2024 година остана без ангажман, што веднаш ги стави во приправност евролигашките гиганти.

Иако во втората сезона неговата улога се намали на 4.2 поени по меч, Кнехт во дебитантската година покажа сериозен потенцијал, просечно бележејќи 9.1 поен, со круна на кариерата против Јута на која ѝ уфрли 37 поени со дури девет тројки. Неговата нето-плата во Лејкерс изнесуваше околу два милиони долари годишно, што е сума која поголемиот дел од водечките евролигашки клубови можат без проблем да ја издвојат доколку тој не добие нова НБА понуда.

Поранешниот кошаркар на Тенеси важи за вистинска офанзивна машина со исклучителен шут од сите позиции и способност за сериско постигнување поени. Покрај таквата експлозивност, Кнехт се одликува и со интелигентно движење без топка и висока самодоверба во клучните моменти, па доколку реши да се пресели преку Океанот, веднаш би станал еден од најдоминантните бекови во Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.