Меѓународен фудбал Фудбал

Легендата се врати дома: Серхио Бускетс повторно во Барселона!

Серхио Бускетс официјално се врати во Барселона, каде што ќе ја започне својата тренерска кариера како помошник во стручниот штаб на резервниот тим Барселона Атлетик, предводен од Жулијано Белети. По завршувањето на играчката кариера на крајот од МЛС сезоната во Интер Мајами, каде што го освои МЛС купот и ги сподели последните моменти на теренот со Лионел Меси, Луис Суарез и Жорди Алба, легендарниот играч за врска во матичниот клуб ќе работи и на стекнување на потребните тренерски лиценци.

Бускетс помина 18 години во каталонскиот гигант и со 722 настапи е трет на вечната листа во историјата на клубот, зад Меси и Чави, освојувајќи девет титули во Ла Лига и три трофеи во Лигата на шампионите. Во својата нова улога, светскиот и европски шампион со Шпанија ќе биде директно задолжен за развојот на младите таленти од академијата „Ла Масија“ во четвртата шпанска лига, каде што ќе помага во брусењето на новите фудбалски ѕвезди.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.