Меѓународен фудбал Фудбал

Легендата Саша Илиќ пред заминување од Партизан, раководството не успева да го убеди

Саша Илиќ е сè поблиску до заминување од тренерската позиција во Партизан, само два дена пред дуелот со Хетафе, кој во клубот го сметаат за исклучително важен. Илиќ поднесе оставка по поразот од Младост Лучани, но по разговор со раководството се согласи да остане на клупата за натпреварот со Хетафе. Планот бил по мечот повторно да се разгледа неговиот статус, без разлика на резултатот.

Сепак, според последните информации, Илиќ и понатаму е цврст во ставот да си замине. Дополнителен знак е што тој не го водел утринскиот тренинг, туку работата ја презеле неговите помошници, додека тренерот имал нов состанок со раководството на клубот. Челниците на Партизан се обидуваат да го убедат Илиќ да остане и по дуелот со Хетафе, но засега нема договор. Како главна причина за неговото незадоволство се посочува недисциплината на дел од фудбалерите и нивното непрофесионално однесување.

Доколку не дојде до пресврт во следните два дена, Илиќ би можел да го напушти Партизан веднаш по натпреварот со Хетафе.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.