Фудбалската репрезентација на Еквадор доби нов селектор, откако Фудбалскиот сојуз на земјата официјално го потврди ангажманот на аргентинскиот стратег Марсело Гаљардо. Искусниот тренер потпиша договор до 2030 година и на селекторската позиција го наследува Себастијан Бекасече, кој си поднесе оставка по елиминацијата на Еквадор во осминафиналето на Светското првенство.
„Го избравме Гаљардо поради успесите што ги постигна, но и поради тоа што го претставува. Добредојде во Еквадор, Марсело“, изјави претседателот на федерацијата Франциско Егас.
Гаљардо најголемиот дел од тренерската кариера го помина во Ривер Плата, со кој освои дури 15 трофеи. Во кариерата ги предводеше и Насионал Монтевидео и Ал-Итихад, а од февруари годинава беше без ангажман. Сега пред него е нов предизвик – да го предводи Еквадор во наредниот циклус и да ја подготви репрезентацијата за големите натпреварувања што следуваат.

