Ашли Кол повеќе нема да биде дел од стручниот штаб на англиската репрезентација до 21 година, потврди селекторот Ли Карсли. Легендарниот лев бек во изминатите пет години беше дел од тимот на Карсли и имаше значајна улога во освојувањето на две последователни европски титули во младинска конкуренција, во 2023 и 2025 година.
„Ашли имаше важна улога во двата наши триумфи, но и во актуелната кампања. Неговото тактичко и техничко знаење, како и искуството, имаа позитивно влијание врз играчите. Му посакувам многу успех во тренерската кариера“, изјави Карсли.
Кол, кој има 45 години, во текот на пролетта го предводеше Чезена во италијанската Серија Б, завршувајќи ја сезоната на 11. место. Како фудбалер, Кол остави длабока трага во англискиот фудбал. За репрезентацијата забележа 107 настапи, а со Арсенал и Челси освои три титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

