Поранешниот бразилски репрезентативец Марсело преживеа вистинска драма во Мексико, каде што отпатува за во живо да го следи воведниот натпревар на Светското првенство меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка. Веднаш по завршувањето на средбата, празничната атмосфера околу стадионот се претвори во насилна зона по жестоките судири меѓу група демонстранти и локалните сили за сигурност.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид се најде заробен во самиот центар на немирите без можност сам да се евакуира, по што локалната полиција мораше со брза и професионална интервенција да го извлече од опасниот обрач. Благодарение на навремената реакција на безбедносните служби, бразилската легенда помина без никакви повреди, а инцидентот кој предизвика огромен уплах за среќа заврши само со материјална штета во околината.

