Кошарка Меѓународна кошарка

Легендарниот „Д-р Џеј“ објасни зошто Леброн го нема на неговата листа на најголемите

НБА легендата и икона на Филаделфија, Џулиус Ирвинг, откри зошто сè уште го нема вклучено Леброн Џејмс на својата листа на најдобри кошаркари на сите времиња.

Популарниот „Д-р Џеј“ појасни дека неговата одлука не е последица на недостаток на почит кон импресивната кариера на Џејмс, туку поради неговото лично правило, на листите рангира исклучиво кошаркари кои веќе го завршиле професионалниот пат.

„Кога ги составувам мојте тимови на сите времиња, секогаш зборувам за играчи кои се пензионирани, а не за оние кои се сè уште активни. Леброн сè уште игра и затоа ми е тешко да му одредам позиција пред официјално да ја заврши кариерата“, истакна Ирвинг во разговор за емисијата „#WORDSWITHSCOOP“.

Леброн Џејмс зад себе има четири НБА титули, четири МВП признанија во регуларниот дел и исто толку награди за најкорисен играч во финалињата, покрај бројните соборени рекорди. Изјавата на Ирвинг добива дополнителна тежина со оглед на преминот на Џејмс во Филаделфија, франшизата каде што Ирвинг го изгради својот статус на кошаркарски гигант.

За Ирвинг, конечниот суд за местото на Леброн меѓу најголемите ќе дојде дури кога суперѕвездата ќе стави крај на кариерата, а дотогаш неговата ранг-листа останува затворена за активните играчи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.