Екипата на Лејкерс предводена од Леброн оствари важна победа во битката за подобра позиција во Плеј-оф фазата, над Феникс Санс со високи 101:73. Леброн уште еднаш покажа дека и на 41 година сеуште има што да покаже во НБА. Тој го предводеше тимот од Лос Анџелес со 28 поени, 12 асистенции и 6 скокови, а воедно влезе и во одбраното друштво на Џон Стоктон, Крис Пол и Џејсон Кид, надминувајќи ја границата од 12.000 асистенции во кариерата.
Виктор Вембенјама повторно ги воодушеви кошаркарските фанови, поставувајќи нов рекорд, во победата на Сан Антонио над Далас Маверикс со 139:120. 22-годишнот французин постигна 40 поени, 13 скокови, 5 асистенции, а имаше и 2 украдени топки и со тоа постави редок рекорд. Овој учинок Вемби го оствари за 26 минути поминати на теренот, што е најкратот период за некој кошаркар кој дошол до бројката од 40 поени, 10 скокови и 5 асистенции на еден натпревар.
Во дербито на вечерта, Денвер славеше убедлива победа над Оклахома со 127:107. Најефикасен на теренот беше Валанчиунас со 23 поени и 17 скокови. Двата тима настапија со значително ослабени состави, каде недостасуваа и првите ѕвезди на екипите, Никола Јокиќ и Шеј Гилџус Александер.

