Ракомет Репрезентација на Македонија Светски првенства

Лазаров: Ракометарите заслужија полна сала во Скопје по големиот триумф!

Македонските ракометари со едната нога се на Светското првенство по убедливата победа од седум голови разлика против Словачка. Нашиот национален тим одигра фантастичен натпревар на гостински терен и широко си ги отвори вратите кон мундијалот.

По завршувањето на средбата, селекторот Кире Лазаров не го криеше задоволството од прикажаната игра на неговите избраници.

„Честитки за ангажманот на ракометарите. Искрено, не очекував толку висока победа. Како и да се вика противникот гостински терен е гостински терен и поготово кога се игра против национална селекција. Но, момците имаат добра атмосфера, и не се сомневам дека на добро издание и во недела“. – кажа селекторот.

Тој го пофали максималниот ангажман на ракометарите и одличната атмосфера која владее во таборот и смета дека неговите момци заслужија полни трибини и огромна поддршка на реваншот во недела.

„Заслужија момците со игрите во последниот период голема поддршка во недела. Ќе се одмориме малку и ќе се подготвиме повторно максимално за в недела“ – додаде Лазаров.

Реванш натпреварот се игра на 17 мај во Скопје, со почеток во 19:00 часот, каде се очекува само потврда на пласманот во Германија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.