Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Лазаров: Карактерот ни ја донесе високата победа!

Алкалоид направи голем чекор кон пласман во следната рунда од Европскиот куп на ЕХФ, откако во Скопје го совлада Ферлах со 31-22. Сепак, тренерот Кирил Лазаров смета дека неговиот тим има простор за напредок пред реваншот во Австрија.

„Имаме одличен резултат, но не одигравме на нивото што го посакуваме. Имавме проблеми во нападот и транзицијата, а мораме да бидеме попрецизни и да играме побрзо. Ферлах покажа дека е сериозна екипа и во одредени моменти беше побрза од нас. Сепак, ме радува карактерот на играчите, кој ни помогна да стигнеме до висока предност. Деветте гола се добра залиха, но мораме да се подобриме“, изјави Лазаров.

Реваншот меѓу Алкалоид и Ферлах ќе се одигра на 24 октомври, а македонскиот претставник ќе се обиде да ја зачува предноста и да го потврди пласманот понатаму.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.