Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави конечниот список за претстојната ЕХФ недела, на кој се најдоа 18 ракометари, додека уште седуммина ќе бидат на располагање како резерви. Македонската селекција ја очекува почетокот на квалификацискиот циклус за следното Европско првенство, со надеж за успешен старт и освојување важни бодови. Првиот предизвик за избраниците на Лазаров ќе биде дуелот со Луксембург на домашен терен, по што македонските ракометари ќе се упатат на гостување против Грција. Двете средби ќе бидат важен тест за националниот тим во обидот да ги започне квалификациите на посакуваниот начин.
Меѓу повиканите е и Дмитро Хориха, украинскиот ракометар кој доби македонски пасош во периодот кога настапуваше за Вардар 1961. Во составот повторно се најде и Мартин Серафимов од Еурофарм Пелистер, кој се враќа меѓу репрезентативците и ќе има можност да придонесе во претстојните предизвици.
Македонија сега ќе се насочи кон подготовките за дуелите со Луксембург и Грција, со цел што подобро да го отвори патот кон пласман на континенталниот шампионат.


