Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го дефинираше составот за вечерашниот дуел против Луксембург, со кој нашиот национален тим ги отвора квалификациите за пласман на Европското првенство 2028.
Од првично повиканите 18 ракометари кои ги одработија подготовките, за овој натпревар надвор од составот останаа чуварот на мрежата Васил Гогов и средниот бек Филип Николов. Од друга страна, зелено светло за својот прв официјален настап во македонскиот дрес доби новиот репрезентативец Дмитро Горига, од кого се очекува да донесе дополнителна свежина и моќ во бековската линија.
Пресметката меѓу Македонија и Луксембург се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот, каде што нашите ракометари ги отвораат квалификациите со јасна цел, освојување на првите два бода во групата.


