Машката ракометна репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров денеска се собра во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, во пресрет на мечот против Словачка, кој ќе се одигра в четврток од 19:00 часот на гостински терен, додека реваншот ќе се одигра во недела од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Ова ќе бидат бараж натпревари за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во Германија.





