Ракомет Репрезентација на Македонија

Лазаревски и Кузмановски со јасна порака до навивачите! (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација е на само 120 минути од нов настап на Светско првенство, а последната пречка на тој пат е двомечот со селекцијата на Словачка. Првата битка ќе се бие на 14 мај на гостински терен во Прешов, додека одлучувачкиот реванш е закажан за 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Пред овој клучен предизвик за кој билетите се веќе пуштени во продажба, репрезентативците Милан Лазаревски и Филип Кузмановски испратија специјална порака до македонската јавност. Тие ги повикаа верните фанови да ги наполнат трибините и да бидат нивниот „осми играч“ во походот кон нов мундијалски пласман.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести