Меѓународен фудбал Фудбал

Лаутаро Мартинез дел од голгетерската историја на Интер!

Аргентинскиот голгетер Лаутаро Мартинез остави нов белег во историјата на Интер, откако со погодокот против Рома вечерва и победата од 5:2, се искачи меѓу трите најдобри стрелци на клубот. Со вкупно 172 гола, тој го прескокна Роберто Бонинсења и самостојно го зазеде третото место на вечната листа.

Пред него остануваат само Алесандро Алтобели и легендарниот Џузепе Меаца, чии бројки сè уште се сериозен предизвик. Со вакво темпо, Аргентинецот има реални шанси да се искачи уште повисоко во историјата на клубот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести