Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Ламуши „доби по уши” и експресен отказ по дебаклот на Тунис од Шведска!

Катастрофалниот пораз од Шведска со 5-1 на стартот на Светското првенство му пресуди на селекторот на Тунис, Сабри Ламуши. Раководството на федерацијата одржа итен состанок веднаш по натпреварот и донесе одлука експресно да ја прекине соработката со францускиот стратег, кој на функцијата издржа само пет мечеви.

До крајот на Мундијалот во САД, каде Тунис допрва треба да ги одмери силите со Јапонија и Холандија, националниот тим привремено ќе го предводи досегашниот помошник Вахби Казри. По овој дебакл на отворањето, шансите на африканската селекција за пласман во следната рунда се сведени на минимум.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.