Меѓународен фудбал Фудбал

Лампард се засилува: Таиво Авонији потпиша за Ковентри!

Новиот премиерлигаш Ковентри го потврди трансферот на нигерискиот напаѓач Таиво Авонији од Нотингем Форест. За неговите услуги клубот предводен од Френк Лампард плати сума од девет милиони фунти.

Авонији пристигна во Форест во 2022 година од Унион Берлин за тогаш рекордни 17,2 милиони фунти. Во својата дебитантска сезона постигна десет голови и помошна за опстанокот на тимот во елитата. Сепак, неговата кариера подоцна беше забавена од неколку сериозни и тешки повреди. Во мај 2025 година тој претрпе сериозна повреда на абдоменот по еден удар во стативата. Изминатата сезона тој запиша 18 настапи, но сепак постигна клучни погодоци против Тотенхем и Челси. Вкупно за Форест постигна 23 гола на 103 натпревари.

Ковентри се враќа во Премиер лигата по пауза од цели 25 години. Авонији во нападот ќе конкурира со Хаџи Рајт, Брендон Томас-Асанте и Елис Симс. Ова лето Ковентри дури трипати го собори сопствениот трансфер-рекорд за засилувања. Меѓу нив се издвојува стоперот Орел Аменда од Ајнтрахт Франкфурт, платен 17 милиони фунти.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.