Меѓународен фудбал Фудбал

Ламин Јамал: Ветувам, трофејот од ЛШ ќе дојде на „Камп Ноу“!

Барселона ги заврши своите настапи во Лигата на шампионите, но еден тинејџер верува дека ова е само почеток на една златна ера. Ламин Јамал, кој блесна на теренот против Атлетико Мадрид и постигна погодок во победата од 2:1 (која сепак не беше доволна за пласман понатаму), упати моќна порака до фановите на „каталонците“.

Младиот ас не го криеше разочарувањето од елиминацијата, но наместо песимизам, тој понуди ветување кое ги запали социјалните мрежи.

„Дадовме сè од себе, но овојпат тоа не беше доволно. Сепак, ова е само дел од процесот. За да стигнеш до врвот, мора да се качуваш по стрмни патеки. Знаеме дека нема да биде лесно и дека никој ништо нема да ни подари, но за нас откажувањето никогаш не е опција. Имаме многу причини за оптимизам. Секоја грешка е нова лекција и не сомневајте се дека ќе научиме од ова. Ние сме Барса и ќе се вратиме таму каде што припаѓаме. Моите родители ме научија дека машкиот збор мора да се одржи… затоа ви ветувам, ќе го донесеме трофејот во Барселона. За секогаш Барса!“ напиша Јамал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести