Мадрид сè уште ги собира импресиите од шампионскиот дочек на новите светски прваци, а главен забавувач на улиците очекувано беше суперталентираниот Ламин Јамал. Додека шпанската репрезентација дефилираше со отворениот автобус кон плоштадот „Сибелес“, младата ѕвезда забележа еден детаљ во публиката кој за неколку минути стана вирален хит.
Навивачите во масата држеа комичен, двостран транспарент. На едната страна беше прикажан неговиот помлад брат Кејн стилизиран како Исус Христос, но вистинскиот хаос го предизвика пораката од задната страна. На неа пишуваше: „Вечер на годината VII: Паредес против Гави“, што беше директно пецкање на сметка на жестоките искри што летаа меѓу аргентинскиот и шпанскиот играч од средниот ред во финалето.
Алузијата се однесува на познатиот боксерски спектакл што традиционално го организира популарниот шпански стример Ибаи Љанос. Јамал веднаш ја прифати шегата, го зема плакатот, го покажа пред сите камери и низ смеа извика: „Се гледаме таму!“. Младиот фудбалер дури и јавно го повика Љанос официјално да ги внесе Паредес и Гави во рингот за следното издание на настанот.
🚨🎥 | Lamine Yamal holding a sign that says:
“Event of the year, Part 7, Paredes vs Gavi” 😭🪧 pic.twitter.com/Vlcwr49aX7
— Access Yamal (@AccessYamal) July 20, 2026

