Кошарка Меѓународна кошарка

Ламело Бол се сели во Минесота во мега размена за Наз Рид и шест пикови!

Екипата на Минесота Тимбервулвс повлече радикален потег на пазарот и го договори ангажманот на суперѕвездата Ламело Бол, пренесува инсајдерот Шамс Чаранија. „Волците“ во Шарлот го испраќаат актуелниот најдобар шести играч во лигата, центарот Наз Рид, заедно со дури шест идни избори на драфтот, три од првата и три од втората рунда. Како дел од оваа голема размена, Минесота во пакетот го добива и бекот Џош Грин.

Со овој потег, Тимбервулвс во иста соплекувална ги спојуваат првиот и третиот пик од драфтот во 2020 година, Ентони Едвардс и Ламело Бол. Ваквиот супер тандем во надворешната линија драстично ќе го растовари Едвардс од организацијата на нападот и постојаните удвојувања, овозможувајќи му максимален фокус на реализацијата. Бол има уште три години од договорот вреден 130 милиони долари, а Минесота со оваа зделка свесно влегува длабоко во зоната на луксузниот данок.

Најголемиот знак прашалник за франшизата од Минеаполис ќе биде здравствениот билтен на Бол, кој во изминатите сезони мачеше мака со повреди на зглобовите. Сепак, минатата година тој остана здрав, одигра 72 натпревари и веднаш го препороди Шарлот. Останува да се види како Минесота ќе ја пополни огромната празнина под кошевите по заминувањето на Рид, а претходно и на Рендл кој оди во Бруклин, но едно е јасно, „волците“ тргнуваат во поход по шампионскиот прстен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.