Меѓународен фудбал Фудбал

Лајпциг и официјално во Лигата на шампионите!

РБ Лајпциг следната сезона и официјално ќе биде дел од Лигата на шампионите, откако денес пред своите навивачи славеше над Ст. Паули со 2:1. Избраниците на Оле Вернер стигнаа до клучните три бода кои, во комбинација со останатите резултати во Бундеслигата, ги направија недостижни на позициите кои водат во европската елита.

Натпреварот започна со иницијатива на домаќините, иако гостите први сериозно се заканија преку Карс, кој ја погоди пречката. Отпорот на Ст. Паули беше скршен во 45-тата минута, кога по еден корнер, Шлагер најдобро се снајде во мешаницата и со прецизен удар донесе водство од 1:0.

Во второто полувреме, Лајпциг продолжи со притисокот. Откако Уедраго ја погоди стативата, веќе во следниот напад, во 55-та минута капитенот Вили Орбан по уште еден корнер зголеми на 2:0. До крајот, гостите успеаја само да го ублажат поразот преку Чесај, резултат кој за нив значи чекор поблиску до испаѓање, додека за Лајпциг значеше почеток на славјето за пласманот во ЛШ.

На останатите средби Штутгарт го победи Леверкузен со 3:1 и сега му недостига само бод за ЛШ. Со истиот резултат Аугсбург го победи Менхенгладбах а Хофенхајм со 1:0 беше подобар од Вердер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести