Ноа Лајлс и Шакари Ричардсон се новите шампиони на Соединетите Американски Држави во трката на 100 метри. На националното првенство одржано во Њујорк, актуелниот олимписки шампион Лајлс ја истрча патеката за 9,79 секунди, со што го израмни личниот рекорд и го постави најдоброто време во светот оваа година.
Иако имаше нешто поспор старт, американскиот спринтер славеше благодарение на одличниот финиш. На крајот тој оствари предност од 13 стотинки во однос на второпласираниот ветеран Рони Бејкер.
Во женска конкуренција, олимписката вицешампионка и светска шампионка Шакари Ричардсон беше најбрза со време од 10,77 секунди. Второто место ѝ припадна на нејзината спаринг-партнерка Кајла Вајт, која ја мина целта со време од 10,90 секунди.

