Кошарка Меѓународна кошарка

ЛА Клиперс ја платија казната од 30 милиони долари, Балмер се огласи! (ФОТО)

Сопственикот на Лос Анџелес Клиперс, Стив Балмер, потврди дека клубот ги прифатил и ги платил казните изречени од НБА поради прекршување на правилата поврзани со ограничувањето на платите. Клиперс беа казнети со 30 милиони долари, додека Кавај Ленард доби парична казна од 700.000 долари. Дополнително, Балмер е суспендиран на една година од сите активности во НБА, а санкции добија и дел од раководството на клубот.

„Како сопственик ја прифаќам одговорноста. Ги известивме во НБА дека ги прифаќаме казните, ја плативме сумата и продолжуваме понатаму“, порача Балмер.

Тој истакна дека Клиперс и понатаму не се согласуваат со сите заклучоци од речиси едногодишната истрага, но дека клубот сака фокусот да го насочи кон иднината. Покрај паричните санкции, Клиперс останаа и без пет пикови од првата рунда на НБА драфтот, кои ќе им бидат одземени на драфтовите во 2029, 2030, 2031, 2032 и 2033 година. Балмер порача дека приоритет на клубот останува враќањето на довербата кај навивачите и градењето тим кој ќе се бори за највисоки дострели.

 

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.