Меѓународен фудбал Фудбал

Кварацхелија успешно опериран во Доха, го чека долга пауза

Офанзивецот на ПСЖ, Хвича Кварацхелија, успешно беше опериран во Доха по тешката повреда на коленото, соопштија официјално од редовите на францускиот шампион. Грузискиот репрезентативец ги скина предните вкрстени лигаменти, со што речиси сигурно ги заврши настапите за оваа сезона.

Од парискиот клуб потврдија дека хируршкиот зафат во специјализираната клиника во Катар поминал во најдобар ред и дека Кварацхелија веднаш го започнува долгиот и макотрпен процес на рехабилитација.

Малерозниот офанзивец се повреди за време на европскиот дуел во Лигата на шампионите против Барселона (4:2), кога по еден двобој со дефанзивецот на каталонскиот тим Чави Еспарт мораше предвреме да го напушти теренот.

Иако од блиското опкружување на фудбалерот истакнуваат дека во оваа фаза е прерано да се прогнозира точниот датум за негово враќање во стројот, јасно е дека грузиската ѕвезда го чека принуден одмор од најмалку шест месеци.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.