Брегалница во последен момент го реши тренерското прашање пред стартот на новата сезона. На само еден ден пред утрешниот меч против шампионот Вардар во Скопје, штипскиот клуб именуваше нов предводник. Враќањето во елитното друштво Брегалница ќе го започне со искусниот Никола Кузманов.
Оваа одлука пристигна откако Влатко Костов одби да го води тимот во новонастанатите услови во клубот. За 60-годишниот стратег Кузманов ова претставува враќање на познат терен. Тој и во минатото ја водеше Брегалница. Минатата сезона тој му беше прв помошник токму на Костов.
Во својата кариера Кузманов има предводено повеќе домашни екипи. Меѓу нив е и второлигашот Слога од Виница. Тој работеше и во Кит Го од Пехчево, каде ја извршуваше и функцијата спортски директор.

