Меѓународен фудбал Фудбал

Кутињо има нов клуб и повторно ќе дели соблекувална со Нејмар! (ФОТО)

Филипе Кутињо и официјално има нов клуб. Искусниот бразилски фудбалер стави потпис на договор со Сантос, каде што ќе остане до крајот на календарската година. За 34-годишниот Кутињо ова претставува ново поглавје во кариерата, но и можност повторно да заигра покрај добро познато лице. Во дресот на Сантос ќе се сретне со Нејмар, со кого претходно беше соиграч во репрезентацијата на Бразил.

Кутињо во Сантос пристигнува како слободен фудбалер, откако на почетокот од годината го напушти Васко да Гама. Поранешниот играч на Ливерпул и Барселона во продолжението од сезоната ќе се обиде да се наметне во составот на клубот и да му помогне со своето искуство. Неговото пристигнување е уште едно интересно засилување за Сантос, кој во своите редови повторно ги има две добро познати бразилски имиња од европската фудбалска сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.