Меѓународен фудбал Фудбал

Куртоа зема одмор од репрезентацијата, но не се откажува од Белгија!

Тибо Куртоа нема да брани за Белгија во претстојната Лига на нациите, но искусниот голман не планира да се откаже од репрезентацијата. Чуварот на мрежата на Реал Мадрид сака да одмори по напорната сезона, а неговата одлука ја има поддршката од новиот селектор Марк ван Бомел. Куртоа потврди дека би можел да се врати во тимот доколку Белгија има проблеми со повреди на голманската позиција, но нема да настапи ниту на евентуалниот завршен турнир во Лигата на нациите.

34-годишниот голман останува на располагање за квалификациите за Европското првенство во 2028 година, иако е свесен дека за своето место во составот ќе мора да се избори како и сите останати голмани. Белгија во Лигата на нациите ќе игра во групата А1 против Франција, Италија и Турција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.