Меѓународен фудбал Фудбал

Куртоа го продолжува договорот со Реал Мадрид, преговорите во завршна фаза

Белгискиот чувар на мрежата Тибо Куртоа е на чекор до ставање потпис на нов договор со Реал Мадрид, со кој ќе ја продолжи верноста кон „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2028 година. Според пишувањата на шпанскиот спортски весник „Ас“, преговорите меѓу раководството на Мадриѓаните и застапниците на 34-годишниот голман започнале уште во јули и во моментов се наоѓаат пред самата финална реализација.

Реал овојпат одлучи да го прекрши непишаното правило и да не ја чека завршницата од сезоната за преговори со поискусните фудбалери. Анализата на пазарот покажала дека во овој момент за Реал не постои подобра алтернатива, сè додека Куртоа ги чува мрежите на ова ниво. Во редовите на мадридскиот гигант се цврсто убедени дека ја имаат најдобрата „единица“ во светот, а неговите спектакуларни одбрани, како оние на неодамнешниот дуел против Интер, се само потврда за таквиот статус.

Куртоа пристигна на „Сантјаго Бернабеу“ во 2018 година и досега има запишано 339 официјални настапи. Иако актуелниот договор му истекуваше во 2027 година, со оваа нова верност Белгиецот дополнително го зацврстува своето место меѓу легендарните чувари на мрежата во историјата на Реал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.