Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

КуПС пресилен за Вардар, победа од 0-2 пред реваншот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар не успеа со позитивен резултат да го отвори настапот во квалификациите за Лигата на шампионите, откако на домашен терен загуби од финскиот шампион КуПС со 0:2. Гостите одиграа поквалитетен натпревар, создадоа повеќе опасни ситуации и заслужено стекнаа солидна предност пред реваншот во Финска. Во првиот дел Вардар се закани преку Горан Закариќ, чиј удар беше успешно запрен од гостинскиот голман. КуПС брзо возврати и беше блиску до водство, но Давор Талески со одлична интервенција го сочува својот гол.

Сепак, отпорот на македонскиот шампион беше скршен непосредно пред паузата. По изведен корнер, Брахима Магаса најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја донесе предноста за финскиот тим. Само четири минути по почетокот на второто полувреме, КуПС повторно погоди. Боб Армах ја искористи новата можност пред голот на Вардар и ја удвои предноста на својот тим, ставајќи ги домаќините во уште потешка ситуација.

Тренерот Кристијан Фабијани се обиде да внесе свежина со неколку измени, но тие не донесоа пресврт. Напротив, гостите продолжија да бидат поопасниот тим и беа блиску до трет погодок, додека Талески со уште една одлична одбрана спречи поубедлив пораз. Дополнителен проблем за Вардар беше исклучувањето на Немања Босанчиќ, кој за само неколку минути заработи два жолти картони и го остави својот тим со фудбалер помалку. До крајот, Бобан Николов имаше можност да го ублажи поразот, но не беше доволно прецизен. Со овој резултат, Вардар ќе има исклучително тешка задача на реваншот во Финска, каде ќе мора да брка негатива од два гола доколку сака да остане во трката за пласман во следната квалификациска рунда на Лигата на шампионите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.