Кошарка Меѓународна кошарка

Купер Флег е „руки“ на сезоната во НБА!

Младиот Купер Флег беше една од ретките светлите точки, во сезоната за заборав на Далас Маверикс. 19 годишниот Флег, по своите извонредни партии, беше прогласен за „Дебитант на годината“ во НБА лигата.

Флег го предводеше Далас во бројот на поени, скокови, асистенции и украдени топки, достигнивање кое предходно го има остварено Мајкл Џордан во својата дебитантска сезона (1984/85). Младиот Флег сезонава бележеше феноменални бројки зад своето име, со 21.0 поени, 5.4 скокови и 4.5 асистенции по натпревар во просек. Тој влезе и во историјата на НБА лигата како најмлад играч кој постигнал 51 поен на еден натпревар во НБА.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести