Македонски фудбал Фудбал

Куп на Македонија: Вардар и Струга ќе гостуваат, Шкендија е суспендирана!

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за 1/16-финалето од новото издание на Националниот куп за сезоната 2026/27.

Најтрофејниот македонски клуб Вардар му гостува на тимот на Овче Поле во Свети Николе, додека Струга Трим Лум патува за Валандово на дуел со Победа. Бранителот на трофејот, Силекс, е слободен во оваа почетна рунда, a Шкендија нема да биде дел од натпреварувањето поради суспензијата по скандалот од минатото финале кога тетовци одбија да ги примат медалите.

Поголемиот дел од натпреварите ќе се одиграат на 1 и 2 септември 2026 година. Исклучок се дуелите Крошу Спорт – Тиквеш и Могила – Аресими кои се закажани за 24 септември поради настапот на битолската селекција во квалификациите за УЕФА Регионалниот куп.

Согласно новите пропозиции, сите фази до финалето се играат на еден добиен меч, а доколку по 90 минути нема победник, веднаш ќе се изведуваат пенали.

Сите двојки за 1/16-финалето во Купот:

Овче Поле Свети Николе – Вардар

Победа Валандово – Струга Трим Лум

Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930

Могила 2023 – Аресими 1973

БВК Коњари – Башкими 1947

Студеничани – Пелистер

Венец Неготино – АП Брера Струмица

Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932

Вардар Неготино – Работнички

Каменица Саса – Шкупи 1927

Тетекс 1953 – Брегалница 2008

Кожуф Гевгелија – Скопје

Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново

Новаци 2005 – Охрид Лихнидос

Осогово – Беласица

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.