Манчестер Јунајтед продолжува со разочарувачките резултати во Премиер лигата, откако одигра спектакуларно реми 4:4 против Астон Вила. И покрај четирите постигнати гола, „црвените ѓаволи“ освоија само еден бод и остануваат во зоната за испаѓање, во која ќе ја дочекаат и репрезентативната пауза. Тренерот Мајкл Керик, сепак, не ја губи надежта и верува дека работите можат да се променат. Тој порача дека не размислува за заминување и дека има намера да продолжи со работата, со цел да го врати тимот на победничкиот пат.
„Не ми се допаѓаат резултатите што ги остваривме, но можеме да преземеме нешто. Не победивме доволно натпревари, но очекувам да ги поставам работите на вистинското место и да почнеме да победуваме“, изјави Керик.
Незадоволство по ремито изрази и Матеус Куња, кој смета дека Јунајтед премногу често покажува карактер дури откако ќе прими гол. Бразилецот порача дека тимот мора да го промени менталитетот и да игра со поголема храброст уште од почетокот на натпреварите. Поддршка за Керик пристигна од легендарниот голгетер Мајкл Овен, кој смета дека актуелниот стратег работи подобро од неговите неодамнешни претходници и заслужува доверба.
Јунајтед сега го очекува двонеделна пауза, по која ќе гостува кај големиот ривал Ливерпул во едно од најголемите дербија на англискиот фудбал.

