Куманово пред своите навивачи славеше висока победа против Работнички, во Плеј-аут групата, со резултат 90:73. Кумановчани беа подобри во поголемиот дел од натпреварот, не оставајќи им простор на гостите од Скопје да се на недеваат на нешто повеќе.
Во победничкиот тим Андрија Стевановиќ постигна 26 поени, надополнети со 7 асистенции и 8 скокови, додека кај гостите одличен беше центарот Роберт Рикиќ, кој заврши со 30 поени и 11 скокови.

