Торино забележа значајна победа од 2-1 против Удинезе во натпреварот од шестото коло во италијанската Серија А. Домаќините до трите бода стигнаа благодарение на Сандро Куленовиќ, кој влезе од клупата за резерви и го постигна решавачкиот гол. „Биковите“ поведоа во 36. минута преку Даниел Браганса, кој ја круниса добрата игра на својот тим и му донесе предност на Торино. Сепак, гостите брзо одговорија, па Јурген Екеленкамп во 43. минута го израмни резултатот на 1-1.
По паузата, двата тима продолжија во потрага по погодок што би ја решил средбата. Клучниот момент се случи во 67. минута, кога Куленовиќ ја затресе мрежата на Удинезе и повторно го доведе Торино во водство. Гостите до крајот се обидуваа да стигнат до ново израмнување, но домашната екипа ја зачува предноста и впиша важна победа пред своите навивачи. Со овој триумф Торино стигна до седум бода и се искачи на 12. место на табелата, додека Удинезе останува на 15. позиција со четири освоени бода.

