Меѓународен фудбал Фудбал

Кукуреља го исполнува ветеното: Го тетовира ликот на Луис де ла Фуенте!

Шпанија е нов светски шампион, а еуфоријата сè уште не стивнува на Пиринеите. Многу репрезентативци на „црвената фурија“ даваа разни ветувања пред Мундијалот за тоа што ќе направат доколку се закитат со титулата, но еден од оние кои целосно го одржаа зборот е Марк Кукуреља.

Одличниот бек на социјалните мрежи сподели фотографија од својата нова тетоважа, на која, исто како што и вети, се наоѓа ликот на селекторот Луис де ла Фуенте.

Уметникот задолжен за ова уметничко дело е познатиот „Ганга“, познат мајстор чии клиенти се и ѕвезди како Леброн Џејмс, Карлос Алкараз и Георгина Родригез.

Скицата од тетоважата е веќе откриена. Не е голема, но ќе биде вечен потсетник на историското освојување на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.