Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Криза во ФИФА, Венгер и други функционери му свртеа грб на Инфантино

Тензиите во ФИФА продолжуваат да растат по неуспешниот обид на претседателот Џани Инфантино да продаде дел од комерцијалните права на Светските првенства и другите натпреварувања под капата на организацијата.

Меѓу последните високи функционери кои јавно се дистанцираа од проектот се Арсен Венгер, директор за развој на фудбалот, и генералниот секретар Матијас Графстром. Венгер соопшти дека не учествувал во подготовката на планот и дека за него дознал преку медиумите, оценувајќи дека неговото повлекување било единствено исправно решение. Во меѓувреме, според странските медиуми, Графстром во интерна порака до вработените ја опишал ситуацијата како хаотична и исклучително тешка, повикувајќи на смиреност и професионален пристап.

Кризата дополнително се продлабочи по оставката на финансискиот советник Карлос Кордеиро, додека оперативниот директор Кевин Ламур изјави дека неговиот тим бил доведен во заблуда во текот на подготовката на проектот.Сето ова укажува дека позицијата на Инфантино е сериозно разнишана, а внатрешните несогласувања отвораат прашања за идното раководење и насоката во која ќе се движи ФИФА.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.