Меѓународен фудбал Фудбал

Кристал Палас преку Рајо Ваљекано до првиот европски трофеј!

Кристал Палас ја продолжи својата фудбалска бајка и го освои трофејот во Конференциската лига. Лондончани во големото финале го совладаа Рајо Ваљекано со минимални 1:0.

Човек на одлука беше Жан Филип Матета. Тој го постигна клучниот гол во 51-вата минута, откако налета на одбиена топка по шутот на Адам Вортон.

Првото полувреме помина во претпазлива игра на двете страни. Мечот на кратко беше прекинат бидејќи му се слоши на еден навивач на трибините. Најдобрата шанса во овој дел ја пропушти Тајрик Мичел со удар со глава.

Во второто полувреме англискиот тим заигра многу поофанзивно. Кристал Палас брзо поведе, а малку подоцна Џереми Пино од слободен удар ги погоди двете стативи. До крајот на мечот лондонскиот состав рутински го контролираше темпото на игра.

Стратегот Оливер Гласнер си заминува од клубот на совршен начин. Германецот дефинитивно стана најтрофејниот менаџер во историјата на Кристал Палас.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.