Меѓународен фудбал Фудбал

Кристал Палас не го искористи играчот повеќе, Бешикташ се избори за бод! (ВИДЕО)

Бешикташ и Кристал Палас одиграа возбудлив натпревар во Лига Европа, ремизирајќи 2:2 во Истанбул во дуел исполнет со пресврти, ВАР-интервенции и црвен картон. Гостите први ја затресоа мрежата преку Жан-Филип Матета, но погодокот беше поништен поради офсајд, додека домаќините поведоа во судиското продолжение на првото полувреме со голот на Вилфред Ндиди. Кристал Палас продолжи да притиска и по паузата, а по уште еден поништен погодок, овојпат на Жереми Пино, Матета во 55. минута конечно донесе израмнување. Англискиот состав потоа успеа да направи целосен пресврт, но Бешикташ не се предаде и преку Жуниор Олаитан во 73. минута со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот ги постави конечните 2:2.

Само четири минути подоцна домашниот тим се најде во дополнителни проблеми, откако Јумит Акдаг доби директен црвен картон и го остави Бешикташ со играч помалку. И покрај бројчаната предност, Кристал Палас не успеа да го постигне победничкиот гол, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод. По ова реми, Бешикташ има седум бода и се наоѓа на осмото место на табелата, додека Кристал Палас со четири бода е на 15. позиција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.