Меѓународен фудбал Фудбал

Кристал Палас и Вест Хем одиграа мирољубиви 0:0

Вечерва се одигра последниот натпревар од 33. коло во Премиер Лигата, во кој лондонските тимови Кристал Палас и Вест Хем, во натпревар без голови, без многу шанси, ги поделија бодовите. Во еден тврд натпревар, во кој главната битка се водеше на средината на теренот, гостите беа поконкретни и  створија неколку прилики, но мрежата на Хендерсон остана мирна.

Палас се наоѓа на 13-та позиција со 43 бодови, додека екипата на Вест Хем се бори за опстанок и се наоѓа на една позиција над зоната за испаѓање, односно на 17-та позиција со 32 бода, два повеќе од Тотенхем на 18-та позиција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести