Меѓународен фудбал Фудбал

Кристал Палас го сруши Нотингем, четири гола и поделба на бодовите во Хал (ВИДЕО)

Во рамките од 6. коло во англиската Премиер лига, Кристал Палас им се врати на победите откако со голем пресврт го совлада Нотингем Форест со 3:1 на домашен терен. Гостинот одлично го започна мечот и поведе уште во 3. минута преку Дан Ндоје, но домаќините жестоко притиснаа пред самиот крај на првото полувреме и за брзо време направија целосен пресврт. Даичи Камада на асистенција на Тимбер израмни на 1:1 во 41. минута, а во длабокото судиско надополнување Џеферсон Лерма погоди за предност на Палас. Доминацијата на домаќините продолжи и на стартот од вториот дел, а дилемите околу победникот ги реши Пино со погодок во 59. минута за конечни 3:1.

Голема драма и четири погодоци беа видени и на дуелот меѓу Хал и Евертон, кој по голема борба заврши без победник (2:2). Возбудувањата започнаа уште во 34. минута кога по ВАР-прегледот му беше поништен гол на Џонсон од Евертон. Домаќините први го отворија резултатот во 48. минута преку Гехард, но гостите од Ливерпул одговорија со фуриозна серија, Кирнан Дјузбери-Хол донесе израмнување во 55. минута, а набрзо потоа Бери погоди за пресврт и водство од 1:2. Сепак, Хал смогна сили да се врати во мечот и преку Белуми во 74. минута ги постави конечните 2:2 за поделба на бодовите.


Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.