Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Кратовци ќе играат пред распродаден стадион во Скопје

Силекс ќе има силна поддршка од трибините на реваншот против Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако клубот соопшти дека сите билети за натпреварот се целосно распродадени. Поради ограничениот капацитет на Тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде кратовци ги играат европските натпревари, интересот кај навивачите беше огромен, а влезниците експресно исчезнаа од продажба.

Од Силекс им се заблагодарија на навивачите за поддршката и најавија одлична атмосфера на трибините во четврток. Кратовскиот состав во реваншот ќе ја брани минималната предност од 1-0, стекната на првиот натпревар во Стара Загора, со цел да обезбеди пласман во следната квалификациска рунда од Конференциската лига.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.