Новиот менаџер на Челси, Чаби Алонсо, започнува радикална реконструкција на тимот, а прва жртва на овие промени ќе биде Алехандро Гарначо. Аргентинскиот репрезентативец не ги оправда очекувањата на „Стамфорд Бриџ“, па клубот е подготвен да го продаде по само една година од неговото пристигнување од Манчестер Јунајтед.
Британските медиуми пренесуваат дека раководството веќе дало зелено светло за траен трансфер на 22-годишниот крилен напаѓач. Иако минатото лето беше купен за 40 милиони фунти како големо засилување, тој не успеа да се наметне во долгорочните планови на лондонскиот гигант.
Гарначо тогаш потпиша договор со важност дури до 2032 година, но брзо го загуби местото во стартниот состав. Зад себе има 43 настапи во дебитантската сезона, но без константна форма. На тоа влијаеше и хаосот со честите смени на клупата, каде што изминатава година прошетаа дури три различен менаџери.
Најголема замерка за Аргентинецот, покрај слабата статистика, е неговиот лош пристап и недоволното залагање на тренинзите. Сепак, неговата продажба ќе биде тешка мисија бидејќи Челси сака целосно да ги врати вложените 40 милиони фунти. Милан, Јувентус, Рома и Наполи покажуваат сериозен интерес, но нивната намера е да понудат само позајмица со право на откуп. Оваа опција во моментов е целосно неприфатлива за Англичаните.
Летово на „Стамфорд Бриџ“ се очекува голема чистка. Младиот играч од академијата, Џорџ, веќе направи трансфер во Евертон за 20 милиони фунти, а на излезна врата се уште неколку звучни имиња. Иако не се официјално на трансфер-листата, Челси нема да ги спречи Чалоба, Јоргенсен, Сантос, Мало Густо и Енцо Фернандез да си заминат доколку за нив пристигне соодветна парична понуда.

