Првите минути на Леброн Џејмс во дресот на Филаделфија Сиксерс донесоа вистинско шоу за кошаркарските љубители во Њујорк, иако неговиот нов клуб на крајот капитулираше пред Бруклин Нетс со 108-114. Иако за два месеци ја отвора петтата деценија од животот, легендарниот ас покажа дека не ја изгубил леснотијата во играта, одигра само едно полувреме (18 минути), но тоа беше сосем доволно за 10 поени, четири скока и пет асистенции. Моментот на вечерта се случи уште во воведните минути, кога со додавање зад грб го проигра Ви Џеј Еџкомб за забивање што ги крена сите присутни во салата на нозе. На спротивната страна, Џулиус Рендл го предводеше Бруклин до победата со 14 поени.
LEBRON JAMES NO-LOOK PASS TO VJ EDGECOMBE FOR THE DUNK. 🔥🔥🔥 https://t.co/UTIllNKnoX
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 8, 2026

